Македонија
18. March 2017 - 9:16

Трка по повод Светскиот ден на Дауновиот синдром

По повод Светскиот ден на Дауновиот синдром - 21 март, денеска во Градскиот парк се организира трка „Run for Down “ од Мечувалечкиот клуб Ескрим.

Трката, која е трета по ред, е отворена за сите  хумани граѓани, а ќе учествуваат и деца со Даунов синдром и нивните семејства.

Целта е да се поттикнат спортските клубови да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром и да ги вклучат во спортот.

Годинашната тема на Светскиот ден на Дауновиот синдром е „MyVoiceMyCommunity – оспособување на луѓето со Даунов синдром да проговорат, да бидат чуени и да влијаат на владините политики и дејствувања, да бидат целосно вклучени во заедницата.

Организатор на одбележувањето на Светскиот ден на Дауновиот синдром во Македонија е Центарот за Даунов синдром, а ќе биде проследен и со повеќе активности во наредните денови.