Македонија
26. August 2015 - 20:14

Трка на високи потпетици во Битола

На потпетици високи десет сантиметри, дваесетгодишната битолчанка Ана Јанкуловска најбрзо ги истрча 80 – те метри во Трката на штикли на Широк Сокак . Редниот број еден што го носеше, вторпат по ред и донесе победа во единствената од ваков вид трка во Македонија, на која годинава учество зедоа 11 девојки од Македонија и 3 од Турција.

Идејата на манифестацијата е да се понуди нешто ново во урбаната култура не само за Битола, туку и за Македонија воопшто, по примерот на многу поурбани центри со поголема традиција и историја, велат организаторите на манифестацијата.

Трката на штикли по Широк Сокак се одржа во рамите на битолското културно лето Битфест кое завршува утре со манифестацијата Широк Сокак во бело.