Македонија
7. September 2018 - 15:14

Трка на келнери и натпревар со коктели од вино во Кавадарци

Трка на келнери и натпревар во подготовка на коктели врз база на вино беа реализирани денеска во Кавадарци, на првиот ден од тридневната манифестација „Тиквешки гроздобер”, посветена на грозјето и производите од грозје. 

- За прв пат во рамките на оваа манифестација која има повеќедецениска традиција, организираме вакви натпревари. Најдобрите добиваат и парични награди. Во иднина ќе се потрудиме посетеноста на вакви настани да биде уште помасовна, рече Сања Крстиќ, претставник  од Локална самоуправа Кавадарци и координатор на натпреварите. 

Најдобрите натпреварувачи, меѓу другото рекоа, дека ако се работи со љубов, секогаш има успех.