Трка на дедомразовци во Кавадарци

Трка на дедомразовци се реализираше денеска во центарот на Кавадарци.
Дегустација на греано вино, трка на дедомразовци, натпревар за најбрзо накитена елка, се само дел од настаните кои се дел од предновогодишната програма на Општина Кавадарци.
- Во пресрет на Новата 2024 година најавивме богата програма, повикавме сите да ни се придружат за заедно да празнуваме и уживаме. Деновиве имавме божиќен пазар, дегустација на топол чај и божиќни колачиња, новогодишна работилница, хуманитарна продажба на новогодишни дела, забава со спектакуларни маскоти, фотографирање со Дедо Мраз, настап на исполнители од музичкото детско фестивалче ,,Гроздоберче" и новогодишна бајка, информираа од Општината.
Планиран е и дочек на новогодишната ноќ со настап на ,,Екстра бенд плус" и спектакуларен огномет.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
