-->
-->
Триумф на ПСЖ во дербито со Олимпик Лион
-->

Екипата на ПСЖ оствари победа синоќа во дерби дуелот од 30.коло од француската Лига 1. На домашен терен со пресврт беше совладан Олимпик Лион со 2:1.
Гостите поведоа во 6.минута со голот на Александре Лаказет, а ПСЖ изедначи преку Адриен Рабио во 34.минута. Победата на ПСЖ му ја донесе Жулиан Дракслер во 40.минута.
ПСЖ остана на второто место со три бодови помалку од лидерот Монако.
Резултати на натпреварите од 30.коло:
ПСЖ – Олимпик Лион 2:1,
Дижон – Сент Етиен 0:1,
Каен – Монако 0:3,
Анже – Генгамп 3:0,
Бордо – Монпеље 5:1,
Нанси – Лориен 2:3,
Тулуз – Рен 0:0,
Нант – Ница 1:1,
Лил – Олимпик Марсеј 0:0 и
Мец – Бастија 1:0.
Табела: Монако 71 бод, ПСЖ 68, Ница 64, Олимпик Лион 50, Олимпик Марсеј 46, Бордо 46, Сент Етиен 44,.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
-

Преглед на вестите од светот
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
