-->
-->
Триумф на Победа од сомнителен пенал во Прилеп
-->
Фудбалерите на Победа го совладаа Силекс со 1-0 во еден од најинтересните дуели до денешното 29-то прволигашко коло.
Мечот беше решен во самиот финиш од сомнително досуден пенал кој главниот судија Мечкароски го досуди на интервенција на својот помошник Гоце Петрески поради наводно играње со рака на еден гостински играч што предизвика жестока реакција кај кратовчани кои сметаа дека оваа одлука е „ измислена“ и не сакаа да се помират.
По неколкуминутен прекин во кој втор жолт картон и исклучување заработи домашниот играч Гешоски пеналот го реализира Наумоски со што го прекина постот на прилепчани од 730 минути без постигнат гол.
И во првото полувреме имаше спорен момент кога Мечкаровски не досуди најстрога казна за Силекс по стартот над Недељковиќ.
Со овие три бода Победа се одалечи од последните две позиции кои водат директно во Втората МФЛ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Околу 40.000 руски војници се пренасочени од Украина во правец на Курск
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело