Тенис
9. October 2016 - 16:49

Триумф на Мареј во Пекинг

Британецот Енди Мареј победи на Мастерсот 500 во Пекинг откако во финалето го совлада Григор Димитров со 6:4 и 7:6 во сетови. Ова з анего е 40.та титула во кариерата.

Со победата Мареј сега ја намали бодовната разлика меѓу него (второ место на АТП) и Новак Ѓоковиќ на 3.695 поени.
Мареј има 9.845, а Ѓоковиќ 13.540. До крајот на годината Ѓоковиќ треба да брани 3.300 поени, а Мареј 1.600.
Двајцата тенисери веќе следната недела ги очекува настап на Мастерсот 1000 во Шангај.