Трите собраниски седници одложени поради неодложни активности на министрите
- Седницата за буџетот за следната година и двете други собраниски седници што беа закажани за денеска се одложени поради објективни причини и неодложни активности на дел од претставниците на Владата на Република Македонија.
Седницата на која на дневен ред беше Предлог буџетот за 2018 година денеска е презакажана за 22 декември. Наместо таа, на дневен ред е ставена 22. седница на која треба да биде именуван јавниот обвинител, како и реформските закони за правосудството.
На дневен ред на седницата се именувањето на Јавниот обвинител на Република Македонија и измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет, на Законот за заштита на сведоци и на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, сите по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости