Трите смртоносни оружја на Северна Кореја од кои се плаши Трамп
Покрај хемиското оружје, моќната артилерија и специјалните оперативни сили, еве уште кои оружја ги поседува Ким Јонг Ун.
Иако Корејската војна заврши со примирје во 1953-та година, Северна и Јужна Кореја технички се уште се во војна. Тензиите помеѓу овие две земји секојдневно растат, а острата реторика не се намалува ни на релација Пјонгјанг - Вашингтон. Од доаѓањето на власт на американскиот претседател Доналд Трамп, односите помеѓу овие две земји особено се влошиле па целиот свет стравува од можниот конфликт помеѓу Северна Кореја и Америка. Доколку дојде до тоа, експертите истакнуваат дека на САД нема да им биде лесно да го поразат Ким Јонг Ун бидејќи Северна Кореја има моќно оружје со кое би можела да одговори на нападот и да им зададе тешки маки на Американците.
Покрај хемиското оружје, моќната артилерија и специјалните оперативни сили, еве уште кои оружја ги поседува Ким Јонг Ун од кои САД најмногу се плаши.
Сајбер-напади
Војската на Северна Кореја поседува и способност за вршење на сајбер-напади - што ѝ е потребно на земјата како асиметрично средство за да ги компензира многуте конвенционални слабости. Малку е познато дека Пјонгјанг има изведено неколку сајбер напади во изминатите неколку години.
Нивните слабости не се познати во целост, но Северна Кореја сепак не е толку вмешана во сајбер војните како што се Русија и Кина на пример. Сепак, не е потребно многу за да се попречува мрежата на командата и контролата дури и со сајбер напади, особено доколку другата страна не преземе соодветни одбранбени мерки.
Најголемата севернокорејска разузнавачка агенција има посебна ќелија "Единица 180 /Unit 180" која најверојатно е одговорна за некои од најхрабрите и најуспешни сајбер напади, пренесува Reuters повикувајќи се на лицата пребегани во Јужна Кореја, официјални лица и експерти за интернет безбедност.
Експертите за сајбер безбедноста тврдат дека откриле технички докази кои би можеле да ја поврзат Северна Кореја со сајбер-нападот со вирусот "WannaCry" кој го блокира пристапот до податоците се додека не се плати "откуп" - со кој се заразени повеќе од 300.000 компјутери во 150 земји претходно овој месец.
Јадрото на обвиненија против Пјонгјанг е нејзината поврзаност со хакерската група "Lazarus" која ја поврзуваат со минатогодишниот сајбер напад врз централната банка во Бангладеш, кога беа украдени 81 милион долари како и нападот на холивудската компанија "Сони" во 2014-та година.
Американската влада ја обвини Северна Кореја за хакерскиот напад врз "Сони", а некои американски официјални лица изјавија дека обвинителството гради случај против Пјонгјанг по повод кражба од банките во Бангладеш.
Поранешниот професор по информатика, Ким Хеунг-Кванг, кој предавал во Јужна Кореја во 2004-та година, а се уште има извори во Северна Кореја, тврди дека сајбер нападите на Пјонгјанг, чија цел е подигнување пари, ги организирала "Unit 180" која е дел од Генералното извидничко биро, најголемата разузнавачка агенција на Пјонгјанг во странство.
Балистички ракети
Северна Кореја има развиени балистички ракети кои ги направила со помош на Русија и Кина. Некои проценки покажуваат дека Северна Кореја има повеќе од 600 ракети "Scud" со краток домет, повеќе од 200 проектили "Нодонг" и околу 50 проектили "Мусудан" и "Теаподонг"...
Ова оружје би можело да се користи за испорака на конвенционално, хемиско и нуклеарно оружје околу Корејскиот полуостров и пошироко.
Со оглед на тоа дека Пјонгјанг се уште ги нема усовршено интерконтинентални балистички проектили, нема опасност дека нуклеарни боеви глави можат да стигнат до територијата на САД, а ракетите со среден домет без проблем би можеле да погодат мета во Јужна Кореја, како и брегот на Јапонија.
Ракетата "Нодонг" има опсег од 1.300 километри и може да стигне до Кина и бреговите на Јапонија, "Таеподонг 1" има опсег од 4.000 километри и може да стигне до различни краеви на Азија, а "Таеподонг 2" има опсег од 8.000 километри и наводно може да стигне до САД, Канада и Европа.
Она што е особено интересно е дека Белград се наоѓа на самата граница на опсег на последниот вид ракети. Растојанието помеѓу Белград и Пјонгјанг се проценува на околу 8.074 километри, што ја става Србија на воопшто "пријатна" позиција, доколку дојде до конфликт и нови закани, а има и понекоја грешка што веќе се случувало.
Нуклеарни боеви глави
Северна Кореја успешно ја произвела и намалената верзија на нуклеарнa боева глава која може да се вклопи во нејзината ракета, со што го поминала прагот на патот кон статусот на нуклеарните сили, заклучиле американските разузнавачи во доверливата проценка.
Всушност, Американската одбранбена разузнавачка агенција (DIA) заклучила во новата анализа кон крајот на јули дека свернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун сега поседува до 60 нуклеарни боеви глави, додека некои независни експерти веруваат дека тој број е многу помал, пренесува Washington Post.
Американските официјални претставници заклучиле минатиот месец дека Пјонгјанг исто така ги надминал очекувањата по прашањето за изработка на интерконтинентални балистички проектили способни да стигнат до брегот на САД.
Од првата нуклеарна детонација на Северна Кореја поминаа повеќе од 10 години, а многу аналитичари веруваа дека ќе помине доволно време пред нејзините научници да изработат компактна боева глава која ракета би можела да ја пренесат на далечни цели. Во документот од 28-ми јули се наведува дека таа критична пресвртница е веќе помината, наведува Washington Post.
Во дел од овој документ, во кој Washington Post имал увид, се наведува дека "американската разузнавачка заедница проценува дека Северна Кореја произвела нуклеарно оружје кое може да изврши интерконтинентални балистички ракети."
Уште не е познато дали севернокорејскиот режим успешно ја тестирал намалената верзија на нуклеарна боева глава, иако Северна Кореја минатата година објави дека ја тестирале
Ново на Сител
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила
-
33-годишна жена нападната од својот сопруг и свекрвата
-
САД и Јапонија подготвуваат план за распоредување HIMARS на јапонските острови близу Тајван
-
Разбиена најголемата меѓународна пиратска мрежа: 22 милиони корисници и 250 милиони евра месечно