Трипуновски: Помалку пари за земјоделците со ребалансот на буџетот во делот на МЗШВ
Дополнителни средства за кожни фотелји и автомобили, а помалку пари за земјоделците, ова се предвидува со ребалансот на буџетот во делот на МЗШВ.
Додека земјоделците мака мачат како да најдат откуп за произведеното, додека ги чекаат ветените субвенции и мерките за дополнителна помош, Зоран Заев со неговиот ребаланс во делот на МЗШВ предвидува дополнителни 25.000 евра за купување мебел и нови 150.000 евра за купување на автомобили.
Заев и Димковски кратат и неверојатни 20 милиони евра од ставката за рурален развој од буџетските средства на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството. Тоа се пари за унапредување и модернизација на земјоделството.
Ветуваа многу, не реализираа ништо. Откуп нема, земјоделските производи завршуваат на буниште. Земјоделците немаат пари, ниту да си ги изораат нивите, а не пак да преживеат.
Оваа власт крати 1.5 милиони евра и од ставката за водостопанство, каде изминатиов период имаше сериозни проблеми кој што нанесоа огромна штета на земјоделското производство.
Откако дојдоа на власт до денес, немаат реализирано ниту еден проект во водостопанството, како што проаѓа времето така гледаме дека и воопшто немаат план нешто да направат во овој сегмент.
Пред извесно време обелоденивме дека програмата за финансиска поддршка во земјоделството е во минус од 65 милиони евра, а денес гледаме дека со ребалансот не се одвојуваат пари за земјоделието, тоа значи дека земјоделците и понатака ќе ги чекаат ветените субвенции.
Со ова власта уште еднаш покажува дека земјоделството и македонскиот земјоделец не се во фокусот односно земјоделците како и до сега сами ќе мора да се снаоѓаат во решавањето на своите секојдневни проблеми.
Со СДСМ земјоделието не може да тргне од мртва точка.
СДСМ мора да си замине. Затоа потребни се брзи предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец

