Трипуновски: Наместо да се откупи домашниот се увезува тутун од странство по повисоки цени

Тутунарите се излажани и изманипулирани, наместо да се откупи домашниот тутун се увезува тутун од странство кој се плаќа и над 300 денари, обвини денеска дополнителлиот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
-Зоран Заев и Трајан Димковски ги лажат тутунарите. Додека домашниот тутун стои не откупен, власта дозволи увоз на тутун. Во период од 8 јануари до денес, Заев и Димковски дозволија увоз на околу еден милион килограми тутун, во вкупна вредност од неколку милиони евра. Да биде трагедијата поголема, тутунот кој е увезен во Македонија е платен од едно до две евра повеќе од цената по која се откупува домашниот тутун, рече Трипуновски на денешната прес-конференција.
Тој покажа документи кои, како што рече, го докажуваат увозот на тутун, во ек на откупна сезона.
-Ова се фактури и барања за дозвола за увоз кои го демантираат Заев и Димковски. Македонските тутунари плачат за денар повеќе и реална процена на тутунот, а Заев и Димковски увезуваат тутун кој се плаќа поскапо. Тие вчера лажеа дека увоз на тутун нема. Заев и Димковски ги гледаат во очи и ги лажат тутунарите, како и за се останато во државата. Тутунот кој се увезува е од ист тип на тутун кој што се произведува во Македонија, а се плаќа поскапо од домашниот, потенцира Трипуновски.
Ја повика власта да не си игра со тутунарите, да се запре увозот на тутун и да се откупи домашниот.
Ново на Сител
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
-

Германскиот министер за одбрана Писториус изјави дека тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО се намалиле
-

Променливо облачно со дожд и засилен ветер, на места врнежите пообилни
-

Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате
-

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа
-

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради Задушница
