Македонија
18. July 2024 - 12:17

Трипуновски на средба со земјоделците, преработувачите и откупувачите на пиперката ајварка

Земјоделците, преработувачите и откупувачите седнаа на заедничка маса со ресорниот министер. Целта била пред почетокот на бербата на ајварката  да  да се направи сондажа на моменталната состојба на терен, да се информира за евентуалните залихи, но и потреби на пазарот.Министерот Цветан Трипуновски вели дека овие средби се многу важни бидејќи само на тој начин можело да се подготви теренот,  но и да се обезбедат фер услови за сите вклучени во ланецот на производство, откуп и преработка.

Министерот информираше дека активни на терен биле и тимовите на земјоделскиот инспекторат кои го следеле целиот процес,  не само околу ајварката туку и откупот на другите култури. Најави дека отстапки нема да има и ќе бидат санкционирани сите што работат спротивно на законот.

Според најавите на земјоделските здруженија оваа сезона куртовската капија има висок квалитет, но, како директна последица од топлотниот бран количините ќе бидат намалени за околу 20%. Според првичните проценки на земјоделците целокупниот род на ајварката во државата се очекува да тежи помеѓу 45 до 50 илјади тони.