Тринаесет лица приведени во Турција за навреда на Ердоган на прославата на Денот на жената
Турската полиција уапси 13 лица кои учествуваа во маршот по повод Денот на жената поради наводна навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштија денеска тамошните власти.
Илјадници демонстранти маршираа низ улиците на Истанбул во понеделникот за да го осудат насилството врз жените во Турција, каде минатата година беа убиени повеќе од 400 жени.
За разлика од претходните години кога полицијата разби слични демонстрации, маршот заврши мирно.
Сепак, полицијата подоцна ги разгледа видеата од протестот и приведе 13 лица, вклучувајќи и малолетничка која учествувала на протестот, соопшти канцеларијата на гувернерот на Истанбул.
Во соопштението е наведено дека тие се уапсени за извикување „пароли“, но не беа дадени детали.
Локалните медиуми објавија дека лицата се приведени за навреда на претседателот Ердоган.
Навреда на претседателот е кривично дело во Турција за кое е предвидена казна затвор до четири години.
Ново на Сител
-
Зголемена побарувачка на вода во маркетите по најавата за прекин во Скопје
-
Путин до западот: Ајде на дуел, изберете цел во Киев, ќе биде интересно
-
До почетокот на летото Калето во Скопје би требало да биде отворено за посетители, најави Љутков
-
Сѐ повеќе Германци сакаат да знаат како биле одгледувани животните од менито
-
Над 500 компании и 4000 ученици вклучени во дуалното образование оваа година
-
Во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година
-
ДСЗИ предлага да се покрене постапка за стручен надзор за лекувањето на починатото седуммесечно бебе
-
Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата во европскиот контекст