Трикратниот убиец од штипско, кој се бараше со потерница се предал на полицијата
Триесет и пет годишниот Мустафа Шефаит кој пред два дена со автоматска пушка пукаше во сопствениот брат Ќемал во карбинското село Ебеплија на планината Плачковица утринава во девет часот самиот се предал на полицијата, информираат од СВР-Штип.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека лицето е во Полициска станица и со него се води разговор за расчистување на случајот. Повеќе детали од СВР-Штип најавија во текот на денот или најдоцна утре. Жителите кои живеат во Плачковичките села по настанот беа уплашени и бараа полицијата да го фати, сметајќи дека е агресивен и опасен со автоматска пушка.
Шефаит на месното население и е познат по трикратното убиство во карбинското село Карбинци. Убиствата ги изврши во март 2000 година, кога со ловџиска пушка смртно застрела три, а тешко рани две лица од оваа село. Заработи казна затвор од 20 години по што казната му е намалена на 16 години. Пред година и пол излегол од Затвор.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции