Балкан
30. August 2023 - 10:39

Тригодишно момче се задуши со грозје на грчкиот остров Тинос

Тригодишно момче се задушило од грозје и починало на грчкиот остров Тинос, пренесуваат грчките медиуми.

До задушувањето, најверојатно, дошло откога момчето јадело грозје, објави грчката „Прототема“.

Според информациите што ги пренесуваат грчките медиуми, таткото веднаш го однел момчето во полициска станица, која се наоѓала во близина на семејната куќа. Таму му била укажана прва помош и од устата на момчето биле извадени неколку зрна грозје.

Момчето потоа било однесено до болницата со полициско возило, но, веќе било доцна, тоа починало.