-->
-->
Тригодишно дете претепано до смрт зошто без дозвола земало колаче
-->
Две сестри од Атланта, САД, се обвинети за убиство на тригодишно момче кое го претепале само затоа што земало колаче. Според полицијата, момчето Кеџуан Мејсон си зело „капкејк“ од кујната, додека во куќата биле Глендрија и Лашерија Морис.
Лаширја, наводно, го тепала детето со безбол палка, додека нејзината сестра, инаку законска старателка на момчето, ги удрила со раце. Момчето починало како последица од тепањето, поради повреди на главата и телото.
Двете сестри дале контрадикторни изјави за тоа што се случило на 31 октомври минатата година и тврделе дека момчето се гушело откако гризнало од колачот. Медиумите објавија дека мајката на момчето го изгубила старателство врз него, бидејќи ја изгубила куќата, но таа се борела да си го врати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Tешко повреден мотоциклист откако се судрил со автобус
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино