Триесетина еврејски верници од САД, Канада, Белгија и Јужна Америка се доселија во Куманово

Околу 30 припадници на Еврејската верска заедница пред неколку дена се доселиле во кумановската населба Зелен Рид, пренесува СДК. Странските државјани, семејства со деца се сместени во приватни куќи, кои ги закупиле од кумановци на неколку улици во населбата. Поради начинот на облекување, нивното присуство предизвика внимание кај локалното население кое се прашува кои се овие луѓе и што бараат токму во Куманово. Соседите кажуваат дека во градот пристигнале во четвртокот.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека лицата кои се забележани во Куманово се припадници на Еврејската верска заедница, кои ги почитуваат законите и привремено престојуваат во нашата држава.
„Во групата има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, тие имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Република Северна Македонија. Според информациите со кои располага МВР, групата е во постојано движење и во наредните денови се очекува да ја напушти нашата држава. СВР Куманово ги информира граѓаните на Куманово дека наведената група не претставува никаква опасност и апелира на толеранција и солидарност кон истите“, велат од МВР.
Еврејските верници најверојатно припаѓаат на ортодоксната верска група „Лев Тахор“, која се противи на државното уредување и живеат по свои правила. Ваква група до минатата недела престојувала во Сараево, Босна и Херцеговина, па според тамошните медиуми, не ѝ било дозволено да го продолжи престојот и дошла во Македонија.
„Во куќата дојдоа во четвртокот околу 21 часот. Дојдоа со вреќи и торби, не донесоа ништо друго. Само во оваа куќа ги има петнаесетина, а имаме информации дека имаат закупено уште три куќи на улицата над нас. Излегуваат преку ден, но повеќе ноќе. Засега не ни прават никакви проблеми, нè поздравуваат со страв и брзо заминуваат. Се плашиме и ние од нив, не знаеме како да реагираме. Нивната облека не ни е блиска, едни се во црна облека, други во драп, а трети во бела боја. Сите носат шамии и капи“, велат соседите.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
