Македонија
20. October 2019 - 16:34

Триесетина дивоградби и во заштитеното подрачје на Галичица, некои поднеле барање за легализација

Националниот парк Галичица полн со дивоградби. Според најновите податоци во заштитениот појас во зоната од 50 метри од брегот има околу 29 нелегано изградени објекти кои не може да се легализираат и претствуваат закана за природните вредности на паркот.

Сопствениците кои бесправно ги изградиле наместо да ги срушат поднеле барања за легализација.

Градоначалникот Георгиески најави дека надлежните будно следат до каде е постапката за отстранување на нелегално изградените објекти, чии сопственици се изјасниле дека сами ќе ги отстрануваат.

На 20 септември започна акцијата која е по препорака на УНЕСКО, а откако стартува рушењето, сопствениците со изјава заверена на нотар се обврзале дека самите ќе го направат тоа во наредните 20 дена.

Според Регистарот на дивоградби, во Охрид има 1.076 нелегално изградени објекти , од кои 409 се во заштитениот појас.