Триесет и три магистри од Струга чекаат работа во Агенцијата за вработување
Двеста педесет и осум невработени лица од Струга ги искористиле активните мерки на Агенцијата за вработување, од кои 150 ја искористиле мерката за самовработување и отвориле сопствен бизнис, потврди директорот на Агенцијата завработување на Република Северна Македонија Беким Мурати при денешната посета на Центарот за вработување во Струга.
– Во Струга има 3.560 активни баратели на работа и 1.289 пасивни баратели. Најголем дел од пријавените што бараат работа или над 56 отсто (2.020 лица) се без образование, 33 проценти се со непотполно средно, што значи дека немаат средно образование и околу 10 проценти се со вишо и високо образование, меѓу нив вклучувајќи и 33 магистри, изјави Мурати.
Поради пандемијата со Ковид – 19, 497 стружани го изгубиле своето работно место, додека мерката за младински додаток од 3.000 денари ја искористиле 773 лица, меѓу кои се и тројца невработени од ромска националност.
– Владата и Агенцијата за вработување прават напори за да им излеземе во пресрет со нашите активни мерки за самовработување на сите граѓани. Успешно го реализиравме оперативниот план за 2021 година, односно реализацијата е 94,6 проценти, а беа искористени 1,5 милијарди денари за активни мерки за околу 12.000 невработнеи лица, истакна Мурати.
Агенцијата, додаде, го изработува новиот оперативен план во кој ќе бидат опфатени скоро сите мерки од 2021 година, за што биле предвидени 1,73 милијарди денари.
Во Струга, според раководителката на Центарот за вработување во Елвадина Дика, дефицитарни професии се професорите по стручни предмети, како математика и физика, инженери, келнери готвачи, собарки…
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
