Македонија
30. April 2019 - 15:29

Триесет и една крвна единица собрани во крводарителска акција во Кавадарци

Триесет и една крвна единица беа собрани во денешната доброволна крводарителска акција во Кавадарци, организирана од кавадаречкиот Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина.

-Во овие празнични мигови, како и секогаш, кавадарчани ја искажаа својата хуманост преку доброволно дарување крв, со цел спасување на нечиј живот. Благодарение  на нашите редовни и несебични дарители, во моментов располагаме со доволен број на крвни единици, рече доктор Анита Божинова Петковска.

Кавадарчани и росоманци се познати по хуманоста, рекоа од Општинската организација на Црвен крст Кавадарци.

-На скалата за доброволно крводарување, се наоѓаме меѓу најдобрите во државата, нагласија оттаму.