Тридневен јубилеен 10-ти мотофестивал во организација на ,,Ноќните волци‘‘
10- ти јубилеен мото фестивал во органзиација на мото клубот Ноќни Волци ќе се одржи на скопскоот Кале од 26 до 28 август. На тридневниот мото собир посебно внимание ќе се посвети на безбедноста, поради големиот број жртви во текот на година. Клубот ќе го адресира проблемот до моторџии кои возат несовесно, како и до останатите учесници во сообраќајот..
-Мото клубот Ноќни Волци ги повикуваат сите клубови од земјава да присуствуваат на дефилето, целта е да направиме колку што е можно поголема колона, да ја зголемиме свесноста на останатите учесници во сообраќајот, да видат дека не има и дека постоиме- изјава Ленин Јовановски лидерот на македонскиот моторџиски клуб Ноќни Волци.
Во сабота 27-ми август во 17 часот со старт од местото на одржување на собирот ќе се формира колона со мотоцикли која ќе го обиколи Скопје. За време на парадата низ главниот град ќе се направи и куса пауза на која ќе се прочитаат залагањата на организаторите за поголема безбедонст и намалување на бројот на мотоциклисти кои се жртви од сообраќајните незгоди.
-
Симон Лешков
Сите содржини од овој новинар