Тридневен хуманитарен настан „Јас сум Цако“
Проекција на филмови, панел дискусии и лични изјави на млади и успешни лица со попреченост ќе бидат дел од тридневниот хуманитарен настан „Јас сум Цако“ што го организира Александар Матовски-Цако, грантист на проектот за граѓанско учество на УСАИД и добитник на наградата за младинско учество за 2016 година.
Александар Матовски – Цако е млад поет и активист, кој наградата за извонреден придонес за младинско учество во категоријата поединци ја доби за неговиот ангажман во општеството во насока на подобрува социјалниот статус на лицата со попреченост.
На вчерашната промоција на настанот во „Јавна соба“, присутните имаа можност да ја проследат проекцијата на филмот „Чија е оваа песна“, како и да чујат повеќе за улогата на медиумите во секојдневното живеење на лицата со попреченост. Во неформалниот дел на настанот, присутните уживаа во разни музички изведби.
Хуманитарниот настан „Јас сум Цако“ ќе трае до 23 септември, а деновите ќе бидат посветени на образование, култура, поезија, танц, спорт, музика и изложби.
Проектот за граѓанско учество на УСАИД е петгодишен проект кој има за цел да се јакнат капацитетите на граѓанските организации и младински групи за да се унапредуваат јавните политики, да се подобруваат јавните услуги, да се промовира доброто управување и да се придонесе за подобрување на животниот стандард во Македонија.
Наградата за младинско учество има за цел да се оддаде признание и да се прослави работата на млади поединци и неформални групи кои со своето дејствување имаат покажано посветеност, која служи за пример во однос на подобрувањето на животот во нивните заедници и општеството, во целина.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи