Фудбал
11. March 2022 - 19:49

Тричковски во најдобрите 11-мина на Кипар

Уште едно големо признание за македонскиот интернационалец Иван Тричковски кој доби уште една потврда за добрите настапи на Кипар. 
Популарниот Тричко  и офоцијално е избран во тимот на сезоната во шампионатот на островската земја. 
Признанието беше објавено на свечена церемонија како резултат на добрите игри во тимот на АЕК Ларнака и Тричковски е  странски играч со најмногу постигнати голови во историјата на кипарскиот фудбал. Оваа сезона веќе постигна 12 гола за својот клуб.