-->
-->
Тричковски: Ќе и дадеме гол на Бугарија
-->
Македонската фудбалска репрезентација, во вторник (19 ч) на „Филип Втори“, ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Бугарија. Во пресрет на натпреварот прес-конференција одржаа селекторот Игор Ангеловски и репрезентативците Ванче Шиков и Иван Тричковски.
Двате селекции, иако се работи за контролен натпревар, ќе излезат со цел да забележат победа, која ќе значи и дополнително згоелмување на самодовербата. „црвено-жолтите“ ќе се обидат да ја прекинат серијата од два минимални пораза, во контролните натпревари со Либан, во ноември во Скопје 0:1 и со Словенија, во Копер на 23.март 0:1. Од друга страна, Бугарите се набиени со оптимизам по минималниот триумф над Португалија.
„Најбитно е ние како ќе одиграме. Секоја почит за Бугарија, која на последниот пријателски натпревар ја совлада Португалија. Очекувам од моите фудбалери да одиграат квалитетно, максимално борбено и агресивно. Како и на секој натпревар, така и на овој атакуваме на победа. Сите тие што викаат дека победата не е важна, бараат само алиби. Секој наш противник има слаби страни, и ние мораме истите да ги искористиме", рече на прес-конференцијата македонскиот селектор.
Слично како селекторот размислуваат и фудбалерите, кои потенцираат дека евентуалниот триумф уште повеќе ќе влијае на атмосферата во националниот тим.
„Атмосферата никогаш не била подобра и се надевам дека тоа ќе донесе резултат. Оваа недела сите заедно работевме многу напорно и подготвени сме за натпреварот со Бугарите. Не очекува доста тежок натпревар, ги знаеме квалитети на нашиот противник. Станува збор за една незгодна селекција која успеа да ја победи Португалија практично од една шанса. Ќе го дадеме максимумот и се надеваме на позитивен резултат", рече дефанзивецот Ванче Шиков.
Македонија во комплетен состав ќе ѝ се спротивстави на Бугарија, тројцата кои се жалеа на повреди по мечот со Словенија (Тричковски, Пандев, Жута) се рехабилитираа од повредите.
„Репрезентацијата на Бугарија е незгоден противник, тоа се виде и на натпреварот против Португалија. Резултатот од тој натпревар им дава голема самодоверба пред утрешниот дуел. Нашата задача е да одиграме максимално борбено, да ги искористиме можностите што ќе ни се укажат и да славиме победа", изјави Тричковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица
-
Како дел од карневалските празнувања за „Прочка“ во Прилеп прикажан обичајот „Амкање“
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво