Трибина: Здравството не е трошок, тоа е инвестиција во народот

Здравството не е трошок, тоа е инвестиција во народот и во неговото здравје. Инвестициите во здравството ќе продолжат со цел да се подобруваат здравствените услуги и да се задржат лекарите во сопствената држава, порачаа владини претставници на денешната трибина со здравствените работници.
Премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот Венко Филипче присуствуваше на трибината, се осврна на инвестициите во здравството посочувајќи дека за Буџетот за 2020 година се планираат 154 милијарди денари во здравството што е 10 милијарди денари повеќе во споредба со Релабансот на буџетот за годинава.
– Верувам дека инвестициите во здравството ќе продолжат. Драго ми е што постигнавме севкупните примања на специјалистите во терцијалното здравство да бидат поголеми од 100 илјади денари, за специјалистите во општите болници и здравствените установи имаме зголемување до 40 проценти на севкупните нивни примања, а ги зголемивме и платите за повеќе од 10 проценти на медицинските сестри, рече Заев, додавајќи дека се зголемени и капитацискиите и укинати квотите за лекови.

Во делот на капиталните инвестиции ги посочи изградбата и реконструкцијата на здравствените установи и опремувањето со нова современа апаратура.
Според министерот за здравство направени се сериозни вложувања во човечкиот капитал во здравството со цел да се задржат лекарите да останат во сопствената држава.

– Решаваме децениски проблеми и ја враќаме мотивацијата и ентузијазмот кај младите лекари. Постарите специјалисти дополнително ги мотивираме не само да дадат квалитетна здравствена заштита, туку и да ги едуцираат и помладите колеги. Имплементираме нови методи, за добар дел од тие методи пациентите беа праќани во странство и на тој начин не само што остваруваме заштеда, туку и се едуцира нашиот кадар. Сериозна реформа се имплементира и во сферата на примарното здравство со зголемениот број на ингеренции и методи што можат да ги дадат матичните лекари се со цел да може што повеќе пацентите да останат на примарно ниво и што помалку да има упатување на клиниките за да не прави гужва, рече Филипче.
Направени се, како што рече, промени и во делот на терапијата и нема пациенти кои чекаат за лекови.
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
