Трибина: Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО
Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе учествуваат на трибина „Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО“.
Трибината, што е во организација на Стопанска комора на Македонија, ќе се одржи во фабриката „Кромберг и Шуберт Македонија“ во Индустриската зона Жабени во близина на Битола.
- Во насока на реализирање на основните стратешки определби и цели за интензивирање на инвестициските и извозните активности, како основен предуслов за динамичен економски раст и развој, поддржани со вложување во инфраструктурата, како и поврзување и проширување на соработката на внатрешен и на меѓународен план со партнери од потесното и поширокото опкружување, Стопанската комора на Македонија, сите активности безрезервно ги насочува во реализирање на така поставените цели, се наведува во соопштението од Стопанска комора.
Ново на Сител
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани