Три умерени земјотреси регистрирани во БиХ
Најмалку три земјотреси ноќеска го погодија подрачјето на Прозор, а се почувствувале и во големите градови во Босна и Херцеговина и на хрватскиот брег.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, првиот земјотрес од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран околу 00:46 часот, со епицентар во централниот дел од земјата, поточно во близина на Прозора и на длабочина од пет километри.
Земјотресот го почувствуваке и жителите на Сараево, Мостар, Зеница и Сплит.
Другиот се случил четири минути подоцна со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот се наоѓал меѓу Прозор и Јабланичкото езеро на длабочина од два километри.
Речиси истото подрачје, неколку километри позападно, осум минути подоцна го погодил трет земјотрес со интензитет од 4,3 степени на длабочина од околу 10 километри.
Сите три потреси се случиле во рамките на четвртиот степена од Меркалиевата скала.
Локалните медиуми потсетуваат дека четвртиот степен означува земјотреси кои можат да разбудат некои луѓе, можат да затресат паркирани автомобили или да предизвикаат незначајни пукнатини во ѕид или тропкање на садови.
Ново на Сител
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро