Три тела пронајдени во септичка јама -уште една трагедија во Србија
Полицијата синоќа во околу 23 часот пронашла тела во септичка јама зад трговскиот центар во Сурчина.
Обдукцијата ќе ја покаже причината за смртта, како и идентитетот.
Постојат индиции дека убиецот се изживувал над жртвите пред да ги убие, пренесува Новости.рс
Како што информираат српските медиуми, полицијата разговара со Драгослав Јовановиќ кој минатата недела пукаше во сопругата Теодора, а потоа пукаше во себеси.
Тој после неколку дена им подлегна на повредите.
Исто, како што неофицијално се дознава, Јовановиќ се доведува во врска со наводно уште три убиства.
Осомничен е дека ги убил Ш.Н., неговата мајка Ш.Д. и неговата тетка П.М.
Според трагите од истрагата, Јовановиќ наводно ја повикал помошничката од својата перална, ѝ рекол дека има посебна задача за неа и дека добро ќе ја плати „но да го држи јазикот зад забите“.
Жената потоа раскажала дека во неговото „БМВ x5“ имало траги од крв. Во меѓувреме бил пронајден телефонот на исчезнатиот Ш.Н., но телата засега ги нема. Се испитуваат мотивите, а не се исклучени и нерасчистените сметки во врска со работата која ја водел Јовановиќ.
Се испитуваат мотивите, а не се исклучуваат нерасчистените сметки во врска со бизнисот кој Јовановиќ го водел.
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
