Три собраниски седници пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи три седници, 111., 114. и 116.
На дневен ред на 111. седница се Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Социјалистичка Република Виетнам за ослободување од визи за носителите на дипломатски или службени/официјални пасоши и Предлог- законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Италијанската Република за размена и заемна заштита на класифицирани информации.
Пред пратениците во рамки на 114. седница се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за буџетите, по скратена постапка, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, поднесен од Павле Трајанов, во прво читање, додека на 116. седница има три точки: Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2015 година, Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на пазарот на осигурување во Република Македонија во 2015 година, како и Финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2015 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
