Македонија
1. September 2018 - 16:11

Три прилепски училишта ќе учат за програмирање и дигитална технологија

Три основни училишта во Прилеп се дел од 10-те училишта на ниво на Македонија во кои се спроведува пилот проектот насловен како „Училишта за 21 век“. Целта на проектот е да се воведат новини во начинот на предавањето, со помош на дигиталната технологија и кодирањето. Секое училиште ќе добие по 30 микробитови или мали чипови кои ќе можат да ги користат професорите по сите предмети.
 
„На тој начин наставниците во своите предмети ќе можат да создаваат проблеми, со кои ќе ги предизвикаат децата да програмираат и да  размислуваат како секој во наставата да може да го примени програмирањето, меѓутоа од друга страна да развие вештина за креативно мислење, за решавање на проблеми, тимска работа, групна работа, сето тоа со цел птрохрамирање на уредот, програмирање по биологија, програмирање по физика, математика ии други предмети“, истакна Андријана Бигуловска, предавач.  
 
Целта била преку оваа примена на програмирањето учениците да развијат вештини за критичко размислување, дигитална писменост и решавање на проблемите. За оваа цел се одржа обука на 30-тина наставници од Прилеп.
 
„Значи целта е да се подготват повеќе учениците, на учениците да не им се претставуваат само факти со коии што ќе се стекнат туку да гии поттикнеме малку креативно ии ктирички да размислуваат, да решаваат проблеми и да добијат знаења затоа што знаеме дека брзиот технолошки и општествен и економски развој бара од учениците да бидат поподготвени, да не знаат само факти туку да знаат да се снајдат во новите ситуации“, рече Кети Стевананџија, директор на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“. 
 
Проектот е на British Concil, а со поддршка на Министерството за образование. Инаку ова е втора фаза на овој проект кој започна за прв пат да се реализира во 2017 година.