Фудбал
18. May 2017 - 14:00

Три од три за Баже Илијоски

Блаже Илијоски го погоди последниот пенал во рулетот на финалето против Шкендија во кој Пелистер го освои својот втор куп трофеј со победа од 4-3. Илијоски со тоа по трет пат триумфираше во националниот куп и тоа во своето трето финале, со Металург, Работнички и сега со Пелистер. 

„Шкендија имаше иницијатива но ние бевме поопасни и не реализиравме 2-3 шанси , додека Шкендија немаше поизгледна прилика.

Цела Битола може да се радува со нас.   Ова ми е трето финале и по трет пат ја освојувам куп титулата.

Јас сум искусен играч верував во Пелистер и  секогаш играм до крај сега е време да се радуваме“-изјави Илиоски