-->
-->
Три млади девојки од Кочани повредени во сообраќајна незгода
-->
Во соопштение oд МВР стои дека на 08.05.2021 во 22.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Зрновци-с.Грдовци, во близина на мостот на р.Брегалница, патничко возило „цитроен“, со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М.(31) од нас.Оризари, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.С.(21), а со телесни повреди се здобиле уште две сопатнички А.А.(23) и Д.С.(25), сите три од Кочани, констатирани во Општата болница Кочани.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК