Три милиони евра за кредити за жени во бизнисот

„Развијте го Вашиот бизнис: Проширете го Вашиот бизнис надвор од границите на земјата” е темата на вториот семинар „Жени во бизнис“, кој се одржа денеска во организација на НЛБ Тутунска банка, а во соработка со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР).
Семинарот е дел од програмата „Жени во Бизнис“ финансирана од ЕБОР, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и имплементиран во соработка со НЛБ Банка АД Скопје.
На семинарот присуствува околу 40 преставнички и лидери на компании, кои имаа можност да добијат корисни совети за тоа како да го развијат и прошират својот бизнис надвор од земјата.
Кредитната програма за „Жени во бизнис“ е согласно договорот во висина од три милиони евра за поддршка на жените претприемачи во Македонија, помеѓу НЛБ Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Ова е дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан - Жени во Бизнисот.
Оваа сеопфатна програма е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и средни претпријатија управувани од жени во пристапот до финансии и советодавни услуги, овозможувајќи им да остварат раст во работењето.
Програмата за „Жени во Бизнис“ е наменета и специјално фокусирана кон мали и средни претпријатија предводени од жени. Овозможува пристап до кредити во износ до 300.000 евра за финансирање на основни средства, но и на средства за тековно работење, по многу поволни услови, со рок на отплата до пет години.
Програмата воедно, нуди не-финансиска поддршка, преку советодавни услуги за изработка на бизнис стратегија, маркетинг, сметководство и информатичка технологија, вклучување во програма за менторство, како и континуирана поддршка на бизнисот, преку локалните советници.
Ново на Сител
-

Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје
-

Сончево со мала локална облачност до средината на следната седмица
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Зеленски: Путин не е заинтересиран за мировни преговори, извозот на дизел во САД само ќе му ги наполни џебовите
-

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
