Три македонски филмови финалисти на 6. LET’S CEE во Австрија

На шестиот фестивал на филмови од Централна и Источна Европа LET’S CEE, кој ќе се одржува од 13-ти до 22 април во Австрија, првпат ќе учествуваат три македонски финалисти.
Меѓу 15-те финалисти ќе бидат филмовите „Еклер“ на Марко Ѓоковиќ, „Тие доаѓаат од центарот на светот“ на Дина Дума и „Види ја ти неа“ од Горан Столевски. Ѓоковиќ и Дума ќе учествуваат во Академијата за таленти на филмскиот фестивал LET’S CEE.
Продуцентот Атанас Георгиев, пак, ќе го претстави својот филм „Со љубов“ (Avec L'Amour) на натпреварот за документирани филмови, а Ѓорче Ставрески филмот „Исцелител“ - на конкурсот за надежни дебитанти.
На фестивалот ќе бидат прикажани вкупно 162 играни, документарни и кратки филмови од Централна и Источна Европа. Ќе биде организирана и прва изложба на кинематографија за виртуелна реалност во Австрија.
Под мотото „Опасно добри филмови“ филмовите ќе се прикажуваат во осум кина во Виена и во други места за скрининг, како и во Грац, Вилах и првпат во Салцбург.
Победниците на LET’S CEE ќе бидат објавени на 21 април во текот на церемонијата на доделување награди. Кира Муратова и Марта Мезарос - легендарни претставници на источноевропската кинематографија се добитници на наградата за животно дело.
Ново на Сител
-

Заврши судењето на Стојанче Зарков за убиство на неговата мајка, пресудата закажана за 9 февруари
-

Уапсен охриѓанец за лажни сообраќајни, измамил граѓани за 60.000 евра
-

ВМРО-ДМНЕ: Дали СДСМ работи против „Безбеден Град“
-

Фејсбук го прослави 22-иот роденден
-

Командирот на ППЕ Кочани: Гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, но без вентил
-

Пожарникарите стигнале на местото на пожарот во дискотеката Пулс пет минути по дојавата, имало многу заглавени лица
-

Приведен 34-годишник од Гостивар, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога | ФОТО
-

Сообраќајка во Охрид: Двајца возачи со забрани, едниот пијан
