Три лица повредени во сообраќајката кај Хиподром
Едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со телесни повреди, во сообраќајка изутрина во 04.30 часот на автопатот Велес – Скопје кај клучката Хиподром, поради која е во прекин и сообраќајот.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека изутрина во 04.30 часот на автопатот Велес – Скопје, кај клучка Хиподром, патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(65) од Скопје, се превртело на коловозот. Во незгодата М.И. се здобил со тешки телесни повреди, а малолетна сопатничка и Н.И.(52) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Компекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
АМСМ во вонреден извештај изутрината во 05.35 часот информираше дека патниот правец Велес – Скопје по обиколницата кај Хиподром е блокиран поради сообраќајна незгода.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Втор случај на морбили во Македонија
-
СДСМ: Братучедот на баџанакот на Мицкоски имал фирма во Бугарија
-
Преглед на вестите од светот
-
Гркот Михалис Рокас ја почнува европската мисија во Македонија
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Алармантно во Мариовско, пожарот стигна на стотина метри од манастирот во Прилепец
-
Преглед на вестите од светот