Три лица повредени и едно загинато во 12 сообраќајки во Скопје
Три лица се потешко повредени во три од вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири се полесно повредени шест лица, а во четири е причинета материјална штета.
Случена е и една незгода со загинато лице во 11:30 часот на некатегоризиран пат село Копаница – место викано Жеден, во близина на место викано Втора Скала, во која учествувал трактор „форд“ без регистарски таблички, управуван од жител на Скопје, населеното место Копаница, како и сопатник кој се превезувал со тракторот, жител на Струга, населено место Долна Белица. Истиот изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и се превртел.
Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, 11 возачи за време на управување на моторното возило го користеле мобилниот телефон, како и кај 13 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 32 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 42 возила.
Денеска Одделението за превенција ќе одржи посебна воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Ново на Сител
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка