Три лица обвинети за убиството на малтешката новинарка Галиција
Јавното обвинителство на Малта покрена обвиненија против три лица поради убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција, која на 16 октомври беше убиени со поставена бомба на нејзиниот автомобил.
За убиството на Галиција се обвинети браќата Џорџ (55) и Алфред (53) Деџорџо и 55-годишниот Винсант Мускат.
Според Обвинителството, тројцата ја изработиле бомбата што беше подметната во автомобилот на новинарката. Тие исто така се обвинети и дека припаѓаат на криминална група.
Како што јави МИА, претходно премиерот на Малта, Џозеф Мускат, наведе дека малтешката полиција уапсила осум Малтежани осомничени за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција.
Каруана Галиција (53), која беше убиена на 16 октомври, водеше многу популарен блог на кој постојано објавуваше за можни случаи на корупција на високи политичари, без разлика на нивната партиска припадност.
Ново на Сител
-
Уапсен Миле Кекин, поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“
-
ОН: Царините на Трамп се погубни за земјите во развој
-
Вчера казнети 707 возачи, 218 за брзо возење
-
Таткото на Вања: Бев зависник од хероин, но не сум употребувал шприцеви
-
Приведен 21-годишен крадец од дојранско
-
Алијансата за Албанците го исклучи Мухсин Арифи од партијата
-
Скајтракс го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје меѓу првите десет во Источна Европа
-
Орбан: Членството на Украина во ЕУ не треба да биде инструмент за војна