Македонија
3. November 2016 - 16:30

Три лица на возраст од 16,19 и 46 години сите од кичевското село Колари загинаа

Три лица на возраст од 16,19 и 46 години сите од кичевското село Колари  го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа која што се случи синоќа на магистралниот пат Гостивар –Кичево во близина на селото Букојчани, додека две лица се здобиле со телесни повреди.

До несреќата дошло околу 19 часот,  кога возило Форд ескорт удрило директно во трактор со приколка, без регистарски таблици, натоварен со поголемо количество дрва.

Од силинината на ударот, тракторот се откачил од приклучната приколка и излетал надвор од коловозот на десната страна. 

Извршен е увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи а обдукцијата на починатиот возач и дополнителниот технички преглед на двете возила  треба да ги утврдат причините за сообраќајната несреќа.