Македонија
21. July 2018 - 18:01

Три илјади мигранти спречени да влезат во државата

МВР поднесе кривични пријави против три лица од Скопје и едно од Гевгелија кои биле дел од групата која минатиот месец, при криумчарење на мигранти направи сообраќјна несреќа во која што две лица го загубија животот, а дванаесетмина се здобија со тешки повреди. Криминалната група била предводена од еден од тројцата скопјани, додека со товарното возило во кое се превезувале мигрантите управувал гевгеличанецот. Четворицата ќе одговараат за трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти.

Статистичките податоци покажуваат дека како доаѓаат потоплите периоди од годината, така  се зголемува и бројот на странски државјани кои поминувајќи низ нашата земја, се обидуваат илегано да стигнат до некоја од земјте на ЕУ.

Од МВР информираат дека до крајот на мај годинава спречени се вкупно  3384 лица кои направиле обид илегано да ги преминат македонските граници.

Првото зголемување на бројот на мигранти е забележано во април годинава, одност 675 лица, што е речиси трипати повеќе од истиот период минатата година, кога биле откриени 251 мигрант. Веќе следниот месец разликата е алармантна, односно 1321 откриен мигрант, или шест пати повеќе од месец мај минатата година.

Минатиот месец, во само една недела се спречени 377 мигранти да влезат во нашата земја, а најголем дел од обидите се направени преку јужната граница.