Три години затвор за Верушевски

Кривичниот суд денеска го осуди поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски на три години затвор за недозволено поседување оружје, односно затоа што по заминувањето од Министерството за внатрешни работи не го вратил службениот пиштол марка „Црвена застава“ со кој бил задолжен во 1982 година.
Адвокатите на Верушевски најавија дека ќе ја обжалат пресудата.
Во образложението на судот се вели дека обвинетиот ја добил најниската казна пропишана со законот. За ова дело според законот е предвидена казна од 3 до 10 години затвор.
Судијката која ја изрече казната, рече дека пиштолот ќе се одземе и по правосилноста на пресудата ќе се врати на МВР.
Футролата од пиштолот, кој тој ја бараше како предмет од емотивно значење, беше речено дека судот дополнително ќе одлучи дали да му биде вратена.
– Ова е уште една потврда на се што беше наведено во извештајот на Прибе. Ова е потврда дека Република Македонија е држава во која недостасуваат стандардите на демократско владеење. Ова не е правда, ова е потврда за патологија, рече Верушевски, обраќајќи им се на новинарите.
Во својата одбрана на претходните рочишта Верушевски тврдеше дека од МВР изминативе години знаеле каде е оружјето и никој од него не побарал да го раздолжи.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
