Македонија
2. July 2016 - 16:30

Три години „Мој термин“

Вкупно 1.835.500 пациенти, над 68.000.000 рецепти и 21 милион упати. Со овие податоци Мој термин одбележа 3 години функционирање.

  Граѓаните најчесто оделе на интернист, очен лекар и на рендген снимања. Најмногу работа имале лекарите на Клиниката за Онкологија.

Според надлежните најголемиот електронски систем спрераснал во  бренд на здравството.

- Системот „МојТермин“ одамна како бренд ги надмина границите на Република Македонија, веќе е имплементиран и се користи во Република Србија и во 13 болници во Австралија.

Има сериозен интерес за овој систем и од неколку други држави во регионот, изјави Никола Тодоров, вицепремиер и министер за здарсвтво.

Од Управата за електронско здравство велат дека Мој Термин не е само систем за закажување на прегледи, туку и најголема база на податоци која служи за креирање на здравствени политики.

Од Мој термин најавија дека работат на надградби на системот и за детално следење на вакцинацијата во земјава како и за прецизна евиденција на работното време на медицинските лица  сите јавни здравствени установи