-->
-->
Три чаши вино неделно го зголемуваат ризикот од деменција
-->

Британски експерти откриле дека само три чаши вино неделно може да предизвикаат неповратни последици по човековото здравје.
Резултатите од истражувањето спроведено на универзитетите во Оксфорд и во Кардиф покажуваат дека три чаши вино неделно се доволни за да го зголемат ризикот од развој на деменција.
Научниците наведуваат дека дури и малку алкохол може сериозно да го оштети мозокот.
Според експертите, луѓето кои пијат повеќе од една единица алкохол на ден значително ја намалуваат способноста на мозокот да функционира правилно. Една единица на алкохол е еквивалентна на 175 милилитри вино. Оние кои ја надминуваат нормалата се изложени на значителен ризик од деменција.
Во истражувањето учествувале повеќе од 13.000 луѓе на возраст од 40 до 73 години.
При истражувањата мажите и жените кои пиеле три чаши неделно, имале многу големи проблеми со тестовите за меморија и когнитивните способности. Негативното влијание на алкохолот е особено забележливо на возраст од 60 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен 44-годишен Кумановец, возел мотор со 1,73 промили алкохол во крвта
-
Пациенти од пожарот во Кочани лекувани во Хрватска, Шведска и Италија, денеска се враќаат во државава
-
Насекаде минусни температири, над нулата утрово само во Гевгелија
-
„Ла Тераца“ концесионер на комплексот „Македонско село“
-
Реакции од Кина за царините од САД: Продолжува злоупотребата
-
Претрес во Штип, приведен 44-годишен маж
-
Италија: Казнети туристички агенти за препродажба на влезници за Колосеум
-
Приведено едно лице, пронајдена дрога