Трговската размена во првите четири месеци 3,22 милијарди евра

Надворешно-трговската размена на Македонија во првите четири месеци од годинава изнесува 3.221.646.000 евра и бележи пораст во однос на истиот период лани.
Државниот завод за статистика денеска објави дека вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 1.339.453.000 евра и бележи пораст од 9,3 проценти, додека увозот изнесува 1.882.193.000 евра и е за 4,2 проценти поголем во споредба со истиот период од минатата година.
Трговскиот дефицит изнесува 542.740.000 евра.
Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот, како и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
