Бизнис
4. February 2017 - 21:42

Трговската размена лани надминала 10,4 милијарди евра

Трговската размена лани надминала 10,4 милијарди евра. Според заводот за статистика тоа е пораст за 6,2 индексни поени во однос на јануари – декември 2015.

Извозот од државатаизнесува 4,3 милијарди евра и се зголемил за 6,9 проценти. При тоа евивдентен е значителен пад на лон извозот за сметка на готовите производи.

Увозот се зголемил за 5,7 проценти и надминува 6,1 милијарди евра. И во лон увозот е забележан пад. Трговскиот дефицит е близу 1,8 милијарди евра, односно покриеноста на увоз со извоз е 70,9%.

Бројките се отварени во година на силни политички превирања. Стопанствениците очекуваат индустријата да испорача и подобри резултати во 2017, со стабилизација на политичката состојба.

Во извозот најголемо е учеството на катализаторите , сетовите на проводници за палење, фероникелот и облеката.

Во увозот најзастапени се платината и легурите на платина, нафтените масла и електричната енергија.

Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.