Тргачевски: МВР да го расвети случајот со претресот на Јанчев
- СДС свесни за лошиот рејтинг помеѓу граѓаните и неминовниот пораз кој ги очекува на претстојните локални избори на 15-ти октомври ја користи МВР за заплашување на политичките противници.
Вчера беше извршена класична злoупотреба на полицијата и државните органи од страна на СДС.
Полицијата под контрола на Заев и Спасовски преку класична полициска местенка вчера пред почетокот на партиската конвенција на ВМРО-ДПМНЕ изврши насилен претрес на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, за општина Кавадарци, Митко Јанчев, при влезот во Скопје, при што на истиот му биле вперени пиштоли во главата.
Полициската местенка била пропратена со неколку единици на полицијата, бројност која не е својствена за рутинска проверка на возила, туку само покажува целиот случај е инсцениран, со цел сеење на страв и заплашување.
Користењето на полицијата за вршење на политички притисок е груб пример за злоупотреба на власта. И претставува класичен пример како функционира државата под водство на СДС.
Го повикуваме МВР во најбрз можен рок да го расветли случајот и да утврди индивидуална одговорност.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува претставниците на меѓународната заедница и организациите кои го надгледуваат изборниот процес да го осудат однесувањето на власта.
Истовремено полицијата од целата територија на Република Македонија беше ставена во функција на партијата на власт, на патишта низ Република Македонија беа запирани автобуси од внатрешноста на државата, со цел истите да не допатуваат навремено на конвенцијата на партијата во Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквиот однос и апелира до сите општествени и политички чинители во државата да не се дрзнат да ја злоупотребуваат моменталната моќ која им ја дава власта, со цел да сеат страв и да вршат криминал.
Заштитата која ја чувствуваат денес, утре ќе ја немаат. По враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија, секој еден прекршител на законот ќе одговара согласно закон во законска и правична постапка.
Одговорност мора да има. Одговорност ќе има. Во тоа нека бидат сигурни сите, прекршители на законот.
Александар Тргачевски - ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
-
Престрелка на границата САД - Мексико
-
Приведен гостиварец, агресивно се однесувал кон сопругата и малолетната ќерка
-
23-годишен Македонец возел 184км/час на автопатот кај Бујановац и удрил во полициско возило
-
Починато едно лице од Ковид-19 од Куманово
-
Скопје на 37. место по загаденост, прекинат прагот на алармирање во Битола и Струмица
-
Закажано судењето по тужбите на Блејк Лајвли за сексуално вознемирување