Бизнис
7. December 2017 - 20:10

Третина од самохраните мајки се невработени

Над 30 отсто од самохраните мајки во земјава се невработени, покажува проценката на граѓанскиот сектор. Овие мајки многу тешко доаѓаат до работа а голем дел од нив имаат проблем да излезат од дома и да се социјализираат . Бараат државата да им помогне полесно да вклучат на пазарот на трудот и да се воведат посебни мерки во Оперативниот план за нив како посебна категорија на население. ЕУ веќе една година спроведува проект со кој ги обучува полесно да се вработат или да почнат сопствен бизнис.

Од Конфедерацијата на работодавачи апелираа газдите да не објавуваат дискриминаторски огласи и на сите да им се дадат еднакви можности при вработување. Овие лица примаат од  700 до 1 150 денари месечно детски додаток, кој со алиментацијата е недоволен за квалитетен живот на мајките и нивните малолетни деца, покажува прокетот.

И статистика евидентира  критична состојба кај самохраните родители. Близу 40 отсто од нив се сиромашни. Најголем дел од нив се жени.