-->
-->
Трета победа за Вардар во петтиот настап сезонава во СЕХА-лигата
-->
Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа тимот на Мотор од Запорожје, Украина со 32:27 во 5. коло од регионалната СЕХА-лига.
Црвено-црните ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот натпревар одигран во СЦ „Јане Сандански“. Највисокото водство на вардарци изнесуваше седум голови разлика (31:24).
Најефикасен во победничкиот состав беше Анте Гаџа со осум погодоци, Тимур Дибиров и Гоце Георгиевски постигнаа по шест.
Мотор е лидер во Б-групата со три победи и еден пораз, Нексе и Вардар имаат по три победи и два загубени натпревара, Војводина е последна со четири загубени меча.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторите се борат за сите пациенти
-
Муцунски во Србија
-
Продолжува истрагата за пожарот