Свет
9. July 2017 - 11:36

Трета ноќ од протестите во Хамбург, досега се уапсени 290 лица

Нови судири избија рано утрово на улиците во Хамбург по завршувањето на самитот на Г-20, при што демонстрантите запалија голем број возила, соопшти германската полиција. 

Демонстрантите се собрале синоќа по завршувањето на самитот и почнале со шишиња да фрлаат по автомобилите во градот, по што голем број возила се запалиле, а германската полиција врз нив употребила водени топови и солзавец. 

Според најновите податоци, досега при тродневните протести се упасени 290 лица, а 213 претставници на силите на редот се повредени. Точниот број на повредени демонстранти се уште не е соопштен.