-->
-->
Трета година по ред Златни денови Кратово
-->

Трета година по ред , градот на кулите и мостовите , ќе биде домаќин и организатор на фестивалот на музиката и забавата. Журката која ќе трае до зори и оваа година ќе направи се за да го оправда постоењето и епитетот бренд на Кратово и североистокот , кој како таков успеа да се наметне по само две изминати изданија.
Во продолжение прочитајте го интервјуто на Утрински.мк со Ристо Самарџиев, организатор на „Златни денови“ во Кратово.
Оваа година на 8, 9 и 10 јули во Кратово, по третпат ќе се одржат „Златните денови“ во Кратово, кој веќе прерасна во настан што се очекува во почетокот на летото. Каква програма подготвивте оваа година?
Како и минатите години, така и оваа се потрудивме да направиме весела музичка програма, за секоја генерација. Третото издание ветува незаборавна забава со весела музичка атмосфера со познати македонски и балкански ѕвезди. Би ги издвоил Бора Ѓорѓевиќ со „Рибља чорба“, Ефто Пупиноски, Миле Кузмановски, Кате и „Нели ти реков“, Круме Спасовски, етно-групата „Монистра“, трио „Гранде“, Дани Димитровска, Тајзи и Спејко, Влатко Илиевски, пинк-ѕвездичките и секако познатите звуци на тамбурашите во рамките на Европскиот тамбурашки етно- фестивал, кој ќе се одржи како дел од „Златните денови 2016“. По завршувањето на концертите, забавата продолжува со познати диџеи на базенот во Кратово, веќе на 30 минути по полноќ. Би сакал да ја поканам цела Македонија, но и Балканот, на заедничко дружење в петок, сабота и недела, кога Кратово ќе биде центарот на забавата во нашата земја.
Велите дека ќе има забава за сечиј вкус и за секоја генерација. Како се распределени познатите музички имиња во трите дена?
В петок, „Златните денови 2016“ во Кратово ќе ги отворат етно-групата „Монистра“ во 20:30 часот. Потоа ќе настапат актуелните ѕвездички и ѕвездите на Пинк, а атмосферата ќе го достигне својот максимум со најмак-фолк хитовите, во изведба на Ефто Пупиновски, Кате и „Нели ти реков“, Миле Кузмановски, Елена Георгиева, Круме Спасовски, групата „Фортуна“... Потоа Дани Димитровска ќе ги разигра љубителите на македонската рок-музика, а Тајзи и Спејко ќе ја затворат првата вечер. Забавата нема да заврши тука, напротив планираме таа да трае доцна во ноќта. Од 00:30 часот на базенот во Кратово ќе има журка со диџеи.
В сабота од 18 часот ќе почне Европскиот тамбурашки етно-фестивал, а потоа на сцената ќе настапат триото „Гранде“, ѕвездичките и ѕвездите на Пинк, Влатко Илиевски, за на крај шлагот на вечерта да биде Бора и „Рибља чорба“. Секако, забавата потоа ја преселуваме на базенот, до раните утрински часови. Неделата ни е резервирана за најмладите, за кои како изненадување ги резервираме „Златните славејчиња“ од 11 часот.
Големиот број на музички имиња ветува незаборавни три дена во Кратово.
Со што уште би ги привлекле оние што планираат да дојдат во Кратово, викендов, покрај забавата со одличната музичка програма?
Досегашни изданија на „Златните денови“ во Кратово говорат сами за себе. Оваа манифестација по само две изданија веќе станува своевиден бренд за Кратово, за регионот, па и за Македонија. Сведоци сме на голема забава, дружење, прекрасни моменти и неверојатни музички настапи кои никого не оставиле рамнодушен. Затоа ќе ја искористам и оваа можност да ги поканам сите љубители на добрата музика и дружење, овој викенд да го посетат Кратово. Воедно ќе порачам навреме да се организираат за сместување ,бидејќи колку што сум запознаен, речиси и нема слободни соби во сместувачките капацитети. „Златните денови“ во Кратово се едно мало музичко богатство, каде што од година во година е се' поголем бројот на уживателите, било да се тоа уметници – изведувачи или посетители.
Програма
Петок 08.07.
Етно група Монистра
Ѕвездички и ѕвездите на пинк
Најслушаните мак фолк хитови во последните 25 години – македонски фолк пејачи
Дани Димитровска
Тајзи и Спејко
Сабота 09.07
Европски тамбурашки етно фестивал
Трио Гранде
Ѕвездички и ѕвездите на пинк
Влатко Илиевски
Бора и Рибља чорба
Недела
11:00 Златно славејче
Петок 08.07.
Етно група Монистра
Ѕвездички и ѕвездите на пинк
Најслушаните мак фолк хитови во последните 25 години – македонски фолк пејачи
Дани Димитровска
Тајзи и Спејко
Сабота 09.07
Европски тамбурашки етно фестивал
Трио Гранде
Ѕвездички и ѕвездите на пинк
Влатко Илиевски
Бора и Рибља чорба
Недела
11:00 Златно славејче
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
