Македонија
22. December 2023 - 20:04

Трет судија го почна процесот за родилката Јилдиз Веаповска

Во Основниот суд во Струга по третпат започна судскиот процес за родилката Јилдз Веапоска од Дебар на која при породување со царски рез и биле отстранети матка, јајник и бубрег.

Поради пензионирање на судиите кои го водеа овој случај , Јордан  Јованов е трет судија кој од почеток  ја започна постапката.Се испитуваа тројцата обвинети  лекарите кои се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето.

Тие повторно се изјаснаа дека не се чуствуваат виновни за делото.

Веапоска,истакна дека здравствената состојба во текот на бременоста и била многу добра и дека нема да се откаже од правдата, бидејќи, како што нагласи, е половина човек со чести болки и неизвесности.

Адвокатот на оштететната Веапоска,  Јанев задоволен од водењето на постапката и се надева како што вели дека правдата ќе дојде на виделина.

Претставник на Хелсиншки комитет го следи судскиот процес.Инаку главната расправа е презакажана за 26 февруари во 10 часот.